Почитувани граѓани и сограѓани, се јави огромен интерес, исто така имам и многу позитивни коментари и мислења околу мојата повторна појава на малите екрани минатата недела,
но и мојата најава дека одсега па натаму ќе ме има често на телевизија.
Од срце ви благодарам што ме почитувате и ме цените – Се гледаме повторно оваа недела на националните телевизии со викенд метео анализа (која најмногу ги интересира граѓаните), напиша утрово Попоски и најави:
ИМАМЕ ИНФОРМАЦИИ: Дали зимата ќе ја покаже повторно својата сила?!
Следуваат најнови метео детали, напиша Попоски на својот Фејсбук профил.