Почина сопственикот на туристичката агрнција “Аурора Турс” Славе Сирачевски.
Тој беше и сопственик на еден од најубавите планински хотелски ресорти во Македонија, “Аурора Берово”, додека агенцијата има и угостителски објект на езерото Козјак во близина на Скопје.
Министерот за земјоделие, Љупчо Николовски се прости од својот голем пријател Сирачевски.
„Со голема тага ја примив веста за заминувањето на мојот голем другар и пријател Славе Сирачевски.
Поминавме многу денови и часови во искрени разговори за се она што е добро да се направи, за многу прогресивни идеи и проекти, поминавме многу дружби и секогаш добивав совети од твоето огромно животно искуство.
”Вечна ти слава пријателе!“Вечна ти слава пријателе!“, напиша Николовски на Фејсбук.