НАЈНОВА МЕТЕО АНАЛИЗА: Доаѓа нов влажен бран, ќе врне дожд и снег – ЕВЕ КОГА

Метео анализа на Славчо Попоски:

Натпросечното топло време за овој период од годината продолжува и во следните денови, но со тоа што од утрешнта ноќ, па во деновите потоа ќе бидеме под влијание на Медитерански влажен бран, и тој повремено ќе ни условува врнежи од дожд, локално пообилни и се очекува да наврнат над 20 литри дожд на метар крадратен (особено во западната половина од државава).

Мора да напоменеме дека снег ќе врне само на највисоките планински места во северозападна Македонија (поточно на највисоките предели на Шар Планина).

Сето ова ќе биде проследено со ветер, претежно од југоисточен правец и тој особено во четврток ќе биде засилен  на интензитет, особено Долж Повардарието.

Што се однесува до температурите, тие и понатаму речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе се искачат до близу 20 степени.

Нови и детални информации околу ова следуваат веќе утре – Следете не!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде