Падна одлука: Оваа група вработени ќе добијат поголеми плати

На владина седница помина одлуката со која сите вработени на УКИМ согласно колективниот договор добиваат поголеми плати.

„Одлуката беше заглавена во министерството за труд и социјална политика и доаѓањето на техничкиот министер Ѓоко Велковски започна легалистичкиот процес за решавање на проблемот.

На ова претходеше средба со ректорот на УКИМ, Биљана Ангелова и нејзиниот тим, и со претставници на синдикатот, при што се најде решение за признавање на поединечниот колективен договор на УКИМ, а со тоа и зголемување на нивните плати.

Изминатава беа повикани и ресорните министерства, за образование и наука и Министерството за финансии да изнајдат брзо решение за признавање на колективниот договор.

Зошто до сега не било најдено решение во министерството од претходниците за овој проблем останува енигма“ соопштија од МТСП.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде