Познат датумот кога пензиите ќе легнат на вашите сметки!

Откако пред три дена беше исплатена помошта на пензионерите која изнесува и до 3.000 денари, овој петок на први март 2024 се очекува и исплата на пензиите.

Државата повеќе од пет години пензиите наместо на петнаесети како што беше пред една деценија пензиите ги исплаќа точно на први, па така февруарската пензија на сметките на пензионерите може да се очекува на 1. март 2024.

Од следниот месец ќе се знае и за колку проценти ќе биде покачена пензијата, а пресметките веќе се прават.

Новата методологија за пресметка, како што пред да се формира техничката влада изјавуваше министерката за труд и социјала Јованка Тренчевска ќе донесе ново покачување на мартовските пензии.

Во април околу 335 илајди корисници на пензија ќе добијат поголема сума на своите сметки. За колкав процент не се знае.

Усогласувањето ќе зависи откако ќе излезат официјалните податоци од Државниот завод за статистика, колкави биле трошоците за живот и колкава е просечната плата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде