Славчо Попоски ја објави најновата анализа: Зимата, снегот и студеното време се враќаат во регионот?

Метео прогноза на Славчо Попоски:

Има интересна ситуација на нумеричките модели од денес, а тоа е дека веќе на нумериките модели (не сите да напоменеме) се црта враќање на зимата и на студеното време, како и на снегот на повеќе места во Европа  и на Балканот од следниот викенд.

Се црта спуштање на студен воздух од север, што значи дека температурите значително би опаднале и би биле минусни на повеќе места, особено во утринските  и ноќните часови, со што се очекува  и појава на мраз.

Секако со ова очекуваме  и снег понекаде  и на помала надморска височина, додека Скијачките центри и останатите планини би добиле нешто повеќе снег.

Секако ова е многу неофицијално, но сепак вреди да се објави во јавноста и да се спомне.

Нормално ние континуирано ќе ја следиме состојбата на нумеричките модели и постојано ќе информираме, објави Попоски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде