Метео прогноза на Славчо Попоски:
Има интересна ситуација на нумеричките модели од денес, а тоа е дека веќе на нумериките модели (не сите да напоменеме) се црта враќање на зимата и на студеното време, како и на снегот на повеќе места во Европа и на Балканот од следниот викенд.
Се црта спуштање на студен воздух од север, што значи дека температурите значително би опаднале и би биле минусни на повеќе места, особено во утринските и ноќните часови, со што се очекува и појава на мраз.
Секако со ова очекуваме и снег понекаде и на помала надморска височина, додека Скијачките центри и останатите планини би добиле нешто повеќе снег.
Секако ова е многу неофицијално, но сепак вреди да се објави во јавноста и да се спомне.
Нормално ние континуирано ќе ја следиме состојбата на нумеричките модели и постојано ќе информираме, објави Попоски.