Земјотрес утрово ја стресе Црна Гора

Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 8.7 часот во Црна Гора.

Епицентарот на потресот бил на 42 километри северозападно од Подгорица во регионот на Никшиќ.

Според Европско-медитерански сеизмолошки центар (EMSC), земјотресот е регистриран на длабочина од 14 километри.

Нема информации за направена штета.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде