Славчо Попоски со најнова вест: Атмосферата ќе биде заматена, а дождот што го очекуваме ќе биде многу….

Метео анализа на Славчо Поповски:

Поради изразеното јужно воздушно струење кое ќе го има над нашиот дел од Европскиот Континент (Балканот, вклучувајќи ја и нашата Македонија)-, утре  и во петок од Сахара кон нашите краишта ќе се врши голем транспорт на прашина  и на песок, со што и Атмосферата ќе биде заматена, а дождот што го очекуваме ќе биде многу валкан.

Се работи за огромно количество на сахарска прашина  и песок од Сахара како што погоре наведовме, се очекува над Балканот и над Македонија утре и задутре локално да има дури вкупно  и до 2000 честички на милиграм кубен (што е премногу).

Под влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот, особено утре попладне, во текот на ноќта кон петок и во петок во Македонија ќе има повремени врнежи од дожд, и истите локално ќе бидат пообилни (со што локално ќе наврнат до околу, па и над 20 литри дожд на метар квадратен), особено во западните  и во јужните предели од државава.

Снег ќе врне само на највисоките планини во северозападните предели од Македонија (односно на највисоките места на планината Шар Планина).

Во Скопје и околината исто така со овој влажен бран очекуваме повремени врнежи од дожд.

Од денес до петок повремено ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).

Што се однесува до температурите, тие  и понатаму остануваат невообичаено високи за овој период од годината, што значи дека тие речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат дури до околу 20 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде