„Еве ти ја вратата, излези“: Кога претседателот Трајковски му го покажа местото на Солана! (ВИДЕО)

Многумина ја паметат онаа легендарна изјава на Борис Трајковски, тогаш заменик министер за надворешни работи, од 1999 година за косовските бегалци во Македонија:

Но, ретко кој го знае и моментот кога претседателот Трајковски му ја покажал вратата на високиот претставник Хавиер Солана.

За време на неговото гостување во „Еден на Еден“ пред повеќе од една година, министерот за надворешни работи Никола Димитров,

првпат откри што се случувало на една од преговарачките средби во 2001 година, кога тој бил дел од тимот на претседателот Трајковски.

„Имаше 2001 со претседателот Трајковски едни тешки преговори со Хавиер Солана, кој во тоа време беше висок претставник во ЕУ.

Во една ситуација претседателот Трајковски му рече – Еве ти ја вратата, излези! Солана излезе навреден, а минута после тоа претседателот рече излези по него и врати го.“

Не знам дали тоа беше спремно од претседателот Трајковски, не знам дека тоа го мислел претходно, но во моментот одлучил дека тоа може да биде корисно да покаже дека ова не оди!“, рече Димитров.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде