Внатрепартиска криза во Левица: Освен Масларковски, поранешен функционер и адвокат му ја откажаа довербата на Апасиев

Продолжува расколот во Левица. Имено, утрово довербата на Димитар Апасиев ја откажа еден од најекспонираните функционери на Левица Аеродром и советник во општината, Дарко Масларковски.

Тој е еден од близнаците кои го создадоа култниот рап бенд Пука Козметика, а на својот Фејсбук профил најави дека ја напушта Левица и ќе дејствува како независен советник.

Во партијата на Апасиев утрово освен Масларковски, се одзва уште еден функционер, поранешен советник во општина Аеродром.

После ова не сакам да бидам дел од асоциран со партијата Левица. После ова Левица стана злото што сакаа да го уништат, напиша поранешниот советник од редовите на Левица.

И адвокатот Јанаки Митовски се придружи на негативните коментари кон Апасиев. Најгласен во нападите е токму тој последниот период, а утрово се огласи и на Фејсбук.

Од Левица си одат моите другари и браќа кои се ЛИЧНО заслужни за порастот на партијата во општина Аеродром. Сега ќе му се пуштат партиски ботови да трубат дека се платени. Кој не го знае комплексашот скапо го плаќа!, напиша адвокатот Јанаки.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде