Драма во Велес: Жена уапсена откако украла пари од својот поранешен (две децении постар) партнер

43-годишна жена од Велес е уапсена откако поранешниот партнер (постар две децении од неа) ја пријавил во полиција за кражба на пари.

За кривичното дело од некогашната љубов, МВР извести во дневниот билтен:

-На 28.02.2024 во 10.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода Ц.Л.(43) од Велес поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

Според пријавеното, од домот на С.Д.(62) од Велес, со кој претходно била во врска, одзела пари.

Таа е приведена во полициска станица, бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде