Прогнозите на Славчо Попоски се остварија: Утрово врнежи од снег во делови од Македонија

Планините со надморска височина од над 1700 – 1800 метри, а особено оние над 2000 метри вака ќе изгледаат со новиот влажен бран кој ќе не зафати во текот на денешната вечер, ноќта кон петок и во петок, објави вчера Славчо Попоски.

На овие планини ќе има обилни врнежи од снег, со што ќе се формира и позначителна снежна покривка, особено на оние планини со надморска височина од над 2000 метри, и тие кои се наоѓаат во северозападните, западните и јужните предели од Македонија.

ОЧЕКУВНА СНЕЖНА ПОКРИВКА: Од 10 до 20 сантиметри, локално и над 30 сантимери, особено над 2000 метри надморска височина!

Инаку на пониските места ќе врне дожд, и локално врнежите ќе бидат обилни, особено во западните и јужните предели од дожавава, каде локално ќе наврнат над 20 литри дожд на метар квадратен. Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од југоисточен праве (над 60 км/час).

Попоски утрово објави фотографија од Попова Шапка: Добро утро од Попова Шапка – Владее вистинска снежна бајка

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде