Расколот во Левица продолжува – Бранко Ристов и порача: Какви глуперди расипани човече..

Се вжештува меѓупартиската борба во Левица. Преседателот на Совет на општина Карпош Бранко Ристов на социјалните мрежи вели дека се шири еклатантна дезинформација во врска со неговата оставка од внатрепартиските функции.

Објаснува дека откако си дал оставка по меил, партијата Левица напишала дека разчистува со џгановите и ги суспендира и исклучува од членство, членови на партијата, меѓу кој е и Ристов, а ова според него е тотално неточно.

Какви глуперди расипани човече… Никаков коментар против партијата немам пишано. Само оставка си дадов. Внатрепартиска работа. Така и третирав.

Едноставно испратив меил допис до членовите на Централниот Комитет дека си давам оставка од внатрепартиските функции и причините за истите.

Оти на таков корен се поставени работите некој крт си го раширил мојот маил. Наместо прст на глава дека нешто не штима чим толку брзо излегуваат информации од внатре со дрва и камења по мене…

Па уште на цело членство директива да се лајкува и шири еклатантна дезинформација. За човек што толку долго е активен во партијата што е записничар на формирање ЛО Велес во таму некаде 2016/17…

Какви глуперди расипани човече…., напиша Ристов на социјалните мрежи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде