Шокантно: Партијата Десна објави наводно писмо од Палчо

Партијата „Десна“ објави наводно писмо за кое се тврди дека е напишано од Љупчо Палевски-Пачло првоосомничен за организација и реализација на убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Во писмото меѓу другото се тврди дека тој не е одговорен за злосторствата кои му се ставаат на товар.

„Денес е 80 ден како сум во екстрадикциски притвор, со посебен интерес, а тоа значи самица, скоро 3 месеци без контакт со човечки суштества.

Комшиите ги гледам исклучиво додека шетаат во бетонска дупка од 50тина м2 помеѓу два блока ќелии, но повторно низ решетки.

Некако успеав да обезбедам Аадвокат, не оној по службена должност, туку професионалец кој си ја знае работата.

Адвокатот ми презентираше неколку одпринтани прес-конферанции и интервјуа на министерот Спасовски и потрчкото, Министерот за Правда Кренар Лога.

Бев шокиран од купиштата на лаги и манипулации од страна на Спасовски кои лесно се докажуваат.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде