Голема полициска акција: Уапсен и поранешен градоначалник

Големо полициско присуство во Струмичко, пренесува Курир.

Според напите информации, уапсени се повеќе лица меѓу кои и поранешен градоначалник кој во минатото бил обвинет за повеќе кривични дела меѓу кои криумчарење цигари преку македонско-бугарската граница.

По неколку месечната затворска казна во 2019 и 2020 го прошири својот бизнис во енергетскиот сектор,

но и со отворање на фирми и фабрики за одгледување на марихуана по претходно издадени лиценци од Владата.

Според информациите, производството на марихуаната завршувало на црниот пазар во Македонија, но и пошироко во регионот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде