Голема трагедија во Албанија: Во експлозија загинаа две лица, седуммина се повредени, меѓу нив и народен пратеник

Во експлозија во магацин во Лушња, Албанија, две лица загинаа, а седум се повредени.

Загинаа татко и син, а меѓу повредените е и пратеникот од социјалистите Бујар Чела.

Експлозијата предизвикала штета и на околните згради, јавуваат албанските медиуми.

Експлозијата најверојатно се случила кога камион со кран удрил во далновод.

Повредените се пренесени во болница во Тирана.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде