„Вчера се смеевме, а денес се сè промени“: Пријателите и другарите се простуваат од Влатко Бате

Истакнати членови на СДСМ од утрово се простуваат со нивни член и активист. 

Преку социјалната мрежа Фејсбук, утрово се огалсија вицепремиерот Фатмир Битиќи и поранешниот градоначалник на град Скопје, Петре Шилегов. 

– Вчера се смеевме, а денес се сè промени. Длабоко сум тажен и потресен поради ненадејната загуба на нашиот драг партиски другар, како што го викавме, Влатко Бате.

Спомените за неговиот жив и ведар дух засекогаш ќе бидат запаметени во СДСМ.

Сочувство до семејството, роднините и пријателите – напиша Битиќи.

Почивај во мир другар !, напиша Шилегов.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде