Од МВР денеака информираа дека се уапсени десет лица во координирана полициска операција што се спроведе денеска.
Четворица од приведени се од Гевгелија, тројца од Струмица, двајца од Струга и едно лице од Демир Капија.
Меѓу нив, како што неофицијално дознава ,,Фокус”, се и поранешен градоначалник на СДСМ и син на поранешен граоначалник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Притоа, извршени се претреси на четири локации во Струмица, Струга, Гевгелија и Битола и се обезбедени материјални докази, односно пари и поголема количина на наркотична дрога која потекнува од правен субјект регистриран за извршување на дејност одгледување на зачински, ароматични и лековити растенија наменети за медицински цели“, стои во соопштението на МВР.
Приведените набрзо ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка.
„Групата била инволвирана во организирање, набавка, продажба и пуштање во промет на марихуана.
Имено, од октомври 2023 година кога започна акцијата преземени се повеќе оперативно-тактички мерки и активности за сузбивање на групата“, се појаснува во соопштението од МВР.