Страотна несреќа: Малолетник со тешки повреди итно пренесен на скопските клиники

На Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во саботата бил донесен малолетник од селото Љубин, скопско, со тешки телесни повреди.

Според пријавеното од неговата мајка, на 1 март околу 12.50 часот во с.Сарај, скопско, тој бил удрен од мотоцикл управуван од С.Б.(47) од Скопје.

Додека, пак, според изјавата на С.Б., малолетникот сам се удрил во мотоциклот, кој му бил паркиран во селото, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде