Малолетник е прободен кај трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје, а сторителот е веднаш приведен.
Инцидентот се случил денеска околу 13.30 часот.
Како што дознава „Република“, неофицијално, станува збор за меѓусебна кавга која ескалирала во тепачка, а очигледно „заиграле“ и ножеви.
Инцидентот бил пријавен од случаен минувач во СВР Скопје, по што полицијата веднаш реагирала и сторителот бил фатен.
Следуваат повеќе детали.