Нови детали: Мртвото тело на Мирко пронајдено дома, телото предадено на обдукција

Познатиот македонски бодибилдер вчера во 09 часот и 15 минути бил пронајден починат во својот дом. Пријава пристигнала и во полицијата.

„На 06.03.2024 во 09.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачје на Кисела Вода бил пронајден починат М.П.(47) од Скопје“, информираат од МВР.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.

„По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција“, додаваат од македонската полиција.

Мирко Петровски беше познат македонски бодибилдер кој од 2003-та година ја поседуваше ИФББ ПРО лиценцата со која има право да учествува на професионални натпревари кои се од највисок ранг.

Тој беше единствениот професионален бодибилдер во Македонија, Мирко Петровски, кој го освои 11-то место, на светскиот натпревар по бодибилдинг „ЊуЈорк Про“, кој се одржа во Њујорк.

Тој беше добитник на многу национални и меѓународни награди за бодибилдинг меѓу кои и Државната награда „8-ми Септември“ во 2013 година за исклучителен придонес за развој на спортот, афирмација и промоција на Република Македонија на меѓународен план.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде