Популарното квиз-шоу „Се или нешто“ што веќе со години го води Лила Филиповска важи за една од најгледаните емисии.
Македонските гледачи обожаваат да гледаат како натпреварувачите се борат да освојат што поголема сума на пари, а многу пати се случува гостите да раскажат некоја интересна случка од нивните животи.
Квиз шоуто „Се или нешто“ долги години се емитува на малите екрани, а верните и бројни гледачи на популарната игра со банкарот, може да уживаат во доста интересни епизоди и натпреварувачи.
Една од најинтересните емисии се случи неодамна. Натпреварувачот до самиот крај не го отвори милионот, но заработи само 55.000 денари.
Тој ја прифати понудата од банкарот многу порано, а во последната рунда банкарот имаше понуда од 350.000 денари.
Уште на самиот почеток од играта кажа дека ќе го чува бројот 6 до самиот крај на емисијата, но не беше доволно храбар да оди до крај.
На крајот си замина дома со само 55.000 денари.