Љубчо распали по Мицкоски: Сам си ги создавав шансите, за разлика од некои кои добија…

Љубчо Георгиевски некогашен лидер на ВМО-ДПМНЕ, и актуелен претседател на ВМРО Народна партија, реагира на гостувањето на Христијан Мицкоски во подкаст во Сител, каде говореше за него.

„Војводата Христијан Мицковски како идеолошки наследник на Четничкиот вардарски корпус во последното интервју на Сител поткаст се занимава со мојата личност :

” Љ.Г како потпросечен студент во девеесетите добил шанса”,

Најправин би го цитирал Ниче: “Големината на Наполеон никогаш нема да ја разберете од мемоарите на неговата собарка”.

Прво за шансата, кога дојдов во Скопје на 19 години не познавав никого. Никој не ми отвараше врати, никој не ме препорачуваше некаде, никој не ме запознаваше со некој.

Сам ги создавав моите шанси а создавав шанси и за други само со Божја помош, за разлика од некои кои одамна добија епитет „татин син“.

А потпросечен никогаш не сум бил, ни во средно, ни на факултет, ни во се што сум направил. Со 25 години имав три книги напишано, член на ИК на МААК, организирав и го создадов ВМРО со Б.Змејковски, победив на првите избори и станав Потпреседател на Македонија. За разлика од денешниот војвода кој прв пат се појавува во ВМРО – Карпош 2016 година заедно со татко му.

“Просечен бизнисмен”

Ако се извадат податоците од кредитното биро јасно ќе се види дека фирмите на новиот лидер имаат драстично поголем и обрат и профит од моите, а заедно со оние на баџанакот одама го имаат надминато статусот среден бизнисмен. А за чесноста друг пат!

“Тој човек вели дека Г.Делчев е Бугар И ДА Е ТАКА ТОА НЕ СЕ ЗБОРУВА ЈАВНО!!!??? ТОА НЕ СМЕЕ ДА ГО КАЖУВА!!!???”

Никогаш и никаде немам напишано или кажано дека Гоце е “Бугар”, сум изнесувал факти кои се кријат во македонската историја и фалсификуваат, а како што гледам интелигентните луѓе како Мицковски сами си го носат заклучокот. Еве што имам кажано на таа тема.

Дека целото школување на Гоце е низ бугарските егзархиски школи, дури унијатското било бугарско школо. Дека сакал да стане бугарски официр и тоа го завршил во Софија. И има фотографија со бугарска бела униформа иста таква како што гледавме на партизанските филмови. Дека станал бугарски егзархиски учител каде земал плата од бугарската егзархија и предавал на бугарски литературен јазик. Дека сите документи и приватни писма, а ги има неколку стотина се напишани на бугарски литературен јазик. Дека заедно со Ѓ.Петров го напишале првиот статут на организацијата и ја крстиле БМОРК во која напишале дека е создадена да се бори за правата на бугарите во Македонија и Тракија,потврдено од професорите Катарџиев и од Ванчо Георгиев. Дека како член на задграничниот комитет по автоматизам бил член на Врховниот. Дека го формирал четничкиот институт заедно со потпис на Централниот комитет на Врховниот комитет и на Македонските воени братства со што тој дозволил во секоја вмровска чета да има по еден бугарски офицер.

На лидерот Мицковски не му пречи кога пред неговите градоначалници српски функционери не нарекуваат Јужна Србија и стара Србија а му пречат фактите“, напиша тој.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде