Денеска (08.03.2024) во 01.50 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода О.М.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (08.03.2024) во 01.45 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Х.(26) од Косово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.03.2024 во 22.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ч.В.В.П.(21) од Бразил затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.03.2024 во 23.10 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода С.М.(34) и Ј.Т.(35) двајцата од Скопје затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.03.2024 во 14.00 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Б.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.03.2024 во 17.15 часот во с.Ново Село, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.П.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер (7 март) околу 22 часот во тетовско Боговиње го лишиле од слобода 36-годишниот Л.З. од ова село затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. Исто така, поради сомнение дека потекнува од кривично дело „фалсификување“, времено му било одземено и патничкото возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал. Лицето е задржано во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.