Мажот од Македонија кој синоќа застрела жена, па се самоуби, е од албанска националност

Македонски државјанин од албанска националност, застрелал жена од Србија на патарина кај Прешево, а потоа се самоубил, објавува Мондо.рс.

Претходно српските медиуми во првичната објава на вест објавија дека Македонец застрелал помлада жена, па си го одзел животот.

– На наплатната рампа кај Прешево вечерва по расправија македонски државјанин од албанска националност застрелал жена од Србија, која има околу 30 години, а потоа се самоубил.

Полицијата веднаш го блокирала тој дел од патот, објави Мондо.рс.

Тој им подлегнал на повредите, а на пукањето ѝ претходела расправија. Жената е во тешка состојба, потврдија од болницата во Врање.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде