Прва снимка од наплатната рампа кај Прешево по крвавиот масакр

Тетовчанец, синоќа доцна вечерта ја застрелал девојката со која се возеле заедно во автомобил, кај наплатната рампа во Прешево, а потоа се самоубил.

Според очевидците, како што пренесуваат српските медиуми, тие претходно се расправале во автомобилот, а кога полицијата ги застанала поради сообраќаен прекршок, 30 годишната девојка излетала од колата и започнала да бега, по што тетовчанецот испукал неколку куршуми кон неа, со што и нанел тешки повреди, а веднаш потоа и самиот си пресудил.

Според информациите тие патувале кон Македонија, со неговиот автомобил со тетовски регистерски таблици.

30 годишната девојка од Србија, во моментов е на интензивна нега во клиниката во Ниш, со сериозни повреди, на вратните пршлени, градниот кош, белите дробови.

Претходно борејќи се за живот, била пренесена во најблиската болница во Врање, на низа хируршки интервенции.

Се уште не е познато, во каков однос биле 30 годишната девојка , и 52 годишниот тетовчанец, кој ја ранил, а после и се самоубил.

Од МВР велат не се надлежни за случајот, бидејќи се случил надвор од границите на Македонија, а од српското МВР не споделуваат информации за случајот.

Српскиот портал АЛО објави снимка од наплатната рампа кај Прешево по крвавиот масакр.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде