Силен земјотрес утрово стресе делови од Грција и Турција

Силен земјотрес утрово стресе делови од Грција и Турција

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во морското подрачје, во непосредна близина на грчкиот остров Родос.

Епицентарот на земјотресот бил на 16 километри североисточно од градот Родос, на длабочина од 45 километри, јавува ТВ ЕРТ.

Земјотресот е почувствуван и на брегот на Турција, извести „Катимерини“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде