Taжна вест го погоди денес македонскиот спорт.
Почина младиот кикбоксер Марко Тодоров.
Тодоров во својата кратка кариера освои бројни медали и важеше за еден од најнадежните кикбоксери кај нас.
На социјалните мрежи денеска од 23-годишниот Тодоров се збогува неговото семејство и неговите најблиски.
Утре во 13:30 часот во капелата 1 во Бутел најблиските ќе го испратат последниот поздрав до Марко.
