„Голема загуба за македонската заедница“: Почина Борче Величковски

Тажната вест ја објави градоначалникот на Крива Паланка, Митовски.

„Голема загуба за македонската заедница и за Крива Паланка.

Денес нѐ напушти нашиот сограѓанин, Борче Величковски, претседател на Националниот совет на Македонците во Србија, паланчанец кој секогаш со гордост говореше за Крива Паланка.

Изгубивме драг пријател, човек со големо срце кој секогаш беше тука за нас со неговата поддршка и подадена рака.

Ќе го паметиме по добро, по сѐ што има направено за нашите сограѓани и за македонската дијаспора во соседството.

Изразувам искрено сочувство до неговото семејство. Нека почива во мир“, напиша Митовски на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде