Најнова вест: Владата му поништи пет одлуки за кадровски прераспределувања на министерот Тошковски

Пет одлуки за кадровски прераспределувања на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се поништени од Владата на вечерашната седница. 

Имено, како што соопштија владините претставници, на денешната седница, Владата, по укажување на дополнителниот заменик на министерот за внатрешни работи, дека со едностран потпис,

само од страна на министерот за внатрешни работи, се донесени пет наредби за кадровски прераспоредувања и распоредувања во подрачни сектори на МВР и во Бирото за јавна безбедност, ваквите акти, како второстепен орган, ги прогласи за ништовни.

– Согласно Законот за Влада на Република Северна Македонија, заради организирање на избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, дополнителниот заменик на министерот за внатрешни работи,

заедно и рамноправно со министерот ги разгледува и потпишува сите акти и документ – во спротивно не произведува правно дејство – се нагласува во соопштението испратено до медиумите по одлуката на Владата. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде