Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Сицилија.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 243 километри, а епицентарот бил на 12 километри северно од Липари и 67 километри западно од Месина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Засега нема информации за материјална штета.
Да потсетиме, земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала го стресе заливот Авача на брегот на Камчатка, соопшти разгранокот на Камчатка на Единствената геофизичка служба на Руската академија на науките.
„Земјотресот е на оддалеченост од 120 километри од Петропавловск – Камчатски.
Земјотресот се случи на длабочина од 58 километри под морското дно“, се вели во соопштението, а пренесува „РИА новости“.