Во Врховниот суд на денешната јавна седница за жалбата против мерката притвор на Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања, осомничениот низ солзи му кажа на судот дека не му е важно каде ќе ја дочека разрешницата на случајот.
Ѓорчевски кажа дека е на два света, а дека сам ќе одлучи дали ќе остане со помладата ќерка или ќе и се придружи на Вања.
– Јас сум на два света во моментов. Едното дете се наоѓа тука, другото ми го земаа. Не ми е битно каде ќе ја дочекам оваа разрешница.
Кога ќе се донесе одлуката ќе донесам лична одлука дали ќе се придружам на постарата ќерка, рече Ѓорчевски.
Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.