5,3 степени според Рихтер: Силен земјотрес утрово го стресе соседството, се тресеа и делови од Македонија

Во раните утрински часови, во 4 часот и 6 минути, Црна Гора ја погоди земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, кој беше почувствуван и цела Хрватска и Босна и Херцеговина, но и во Македонија.

Сеизмографите на Хрватската сеизмолошка служба забележаа силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтер.

Според првите информации, епицентарот бил веднаш до границата на Црна Гора и БиХ, на 28 километри од Никшиќ.

Проценетата длабочина е околу 10 километри, а е почувствувана во Далмација, Херцеговина и Србија.

Засега нема информации за повредени или за материјална штета.

Недолго по првиот потрес, во 4 часот и 14 минути се случи уште еден земјотрес со малку послаб интензитет од 3,4 степени според Рихтеровата скала, со епицентар недалеку од првиот, на црногорската страна на границата.

Двата земјотреси се случија во областа на општина Никшиќ, во селото Доње Чараѓе, а најблизок град до епицентарот е Гацко. Потоа тлото не престануваше да се тресе.

Дури 15 земјотреси до утринава се почуствувани на територијата на Црна Гора и Босна и Херцеговина.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде