Последно збогум: Познатата македонска актерка испратена во нејзиното вечно почивалиште

Познатата актерка и пејачка Костадинка Велковска, почина на 76-годишна возраст. Денеска таа беше испратена во нејзиното вечно почивалиште во Мирогој, Загреб, пренесува „24сата.хр“.

Од актерката се простија членовите на семејството, пријателите, колегите и обожавателите. Меѓу другите, присутни беа Горан Гргиќ, Славко Јурага, Весна Шкаре-Ожболт, Борко Периќ…

За потсетување, Велковска во јули минатата година доживеа мозочен удар, а потоа итно беше префрлена во КБЦ Загреб. Поради последици од мозочен удар, актерката заврши во кома, а нејзиниот син Никола имаше надежи дека ќе закрепне. За жал на 10 март актерката почина во дом за стари лица.

Костадинка Велковска остави длабока трага во светот на актерството, како на сцената, така и на телевизијата и филмот во регионот. Публиката ја памети по голем број забележителни улоги, меѓу кои и во популарната серија „Битанги и принцези“, како и во серијата „Закон!“. Својот талент го покажа и на големото платно, играјќи улоги во филмови како „Браво маестро“ и „Злосторство на училиште“.

Велковска ќе остане запаметена како уметник чие творештво ја збогати театарската, телевизиска и филмска сцена во регионот. Нејзиниот придонес останува постојан, а нејзините улоги ќе останат дел од културното наследство што го остави зад себе.

Фотографиите од испраќањето на Костадинка Велковска може да ги погледнете ТУКА.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде