ТРАГЕДИЈА: Жена паднала од балкон, пронајдена мртва на плочникот

На плочникот пред семејната куќа во Гостивар била пронајдена почината 76-годишната С.О., вчера наутро во 8.10 часот.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.

Сопругот на жената, Ќ.О. (75), со кого заедно живееле во куќата, во полицијата изјавил дека таа околу 4 часот отишла во кујната која е поврзана со балконска врата и дека најверојатно паднала од балконот.

Јавен обвинител и екипа од гостиварското Одделение за внатрешни работи извршилe увид, а по наредба на јавниот обвинител, извршена е обдукција на телото на починатата.

Случајот се расчистува и се документира.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде