Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Ф.И.(33), С.Б.(33), А.И.(26), тројцата од Скопје и А.А.(37) и А.Ј.(33), двајцата од Неготино,
поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ по член 418-в и „криумчарење на мигранти“ по член 418-б од Кривичниот законик и против Е.Б.(35), Б.С.(37), двајцата од Скопје, К.Е.(35), А.П.(37), двајцата Штип, Д.Ц.(44) од Виница,
И.И.(19) од Куманово и Р.К.(32) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ казниво по член 418-в од Кривичниот законик.
Имено, во периодот од август до ноември 2023 година, од Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, под раководство на јавен обвинител од ОЈО за ГОКК,
во рамки на криминалистичка истрага, беше спроведена координирана полициска операција со цел расчистување на кривични дела кои се однесуваат на организирање на група за вршење на кривични дела криумчарење мигранти.