„Душата моја ми летна како гулабче кај мама и тато…“: Потресни зборови на сестрата на Пеце од Битола, кој со своите органи спаси четири животи

Како што е познато пред два дена беше направена мултиорганска трансплантација на органи во којашто еден пациент доби срце, еден пациент доби црн дроб, двајца пациенти добија бубрези,

а во наредните денови пациенти од Универзитетската клиника за ортопедија ќе имаат шанса да добијат и коскени ткива, информираа од Министерството за здравство.

Човекот од кој беа донирани органите е битолчанецот Пеце Аврамовски чија сестра Елизабета Трајчевска емотивно се прости на фејсбук од него со зборовите:

-Ти ми беше мојот единствен брат душата моја ми летна како гулабче кај мама и тато,а јас немам утеха и зборови да се простам од тебе срцето ми го скрши сега јас на кој ќе му викам Баце.

Бог да те прости и да ти ги отвори портите во царството небесно, напиша сестрата на Пеце.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде