Страотна несреќа: Камион на FedEx се преврте преку мост – повредени се пет лица

Камион на FedEx се преврте преку мост во Питсфорд, Њујорк, при што беа повредени пет лица, меѓу кои и едно дете.

Инцидентот се случил околу 8:30 часот по локално време, изјави Марк Чолач, началник на противпожарната станица Хенриета. Од полицијата велат дека при несреќата камионот од страна удрил во друго возило.

Првите лица кои реагирале на местото на настанот го нашле возачот на FedEx свесен на страната на патот и надвор од камионот, рече Чолач, според ABC News.

Во второто возило повредени се четири лица, меѓу кои и едно дете.

Сите петмина биле пренесени во болница во Рочестер со, како што изгледа, полесни повреди. Чолач наведува дека во моментот на несреќата камионот FedEx бил празен и поради тоа жртвите се здобиле со полесни повреди.

„Да беше полн, целиот камион ќе паднеше од мостот. Прашање е дали возачот ќе преживееше во тој случај“, рече тој.

Извор newz24live.com

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде