Откако вчера, Никола Груевски наголемо на фејсбук објасни како Љубчо Герогиевски го терал да стане претседател на ВМРО-ДПМНЕ, сега се огласи Георгиевски.
„ Господинот Никола Груевски испрвоциран од мојата дебата со Марјан Ѓорчев се јави со подолг текст на неговата ФБ страна со негово објаснување на настаните пред неговиот избор во Охрид.
Прво, неговата хроника е прилично точна со мали корекции: “тој сакал ама јас не сум му давал да се занимава со партијата”.
Политиката на Груевски да нема потреба да работи со партиските комитети и членови беше широко позната и коментирана. Сите од тоа време ја имаат искусено.
Второ, да јас го повикав да биде претседател. Претерува со описот на молење ама точно е дека се мислеше помеѓу советник на српската Влада и претседател на ВМРО. Затоа пак по 11 години власт од сите политичари најтешко си замина, значи не сум му понудил лоша работа.
Трето, описот што го дава не ја менува мојата теза дека Ѓорчев ќе победеше. Кога тој објави дека ќе се кандидира членството се сврте кон него токму поради претходно игнорантскиот однос на Груевски.
Четврто, во мојата поддршка кон него без никакви услови господинот Груевски ниту сега ниту никогаш не ја виде мојата жртва за партијата, да се повлечам за да победи некој друг. Нека си направи споредба со неговото повлекување.
Петто, од самиот негов опис се гледа дека партијата му е дадена на тацна од мене, а очигледно дека тој исто така сега на тацна му ја даде и на Мицковски.
Шесто, да, нашиот судир настана кога тој реши да му прави цензус за претседател на Б.Црвенковски.
Седмо, делот на личната суета е само изговор. Во нашиот разговор веќе многу одамна спомна како мотив на неговиот однос спрема мене била изјавата тогаш на Л.Арнаудов, а сега на В.Михајловски дека: “Мислиш не знеме дека било договорено да се повлечеш”. Ниту на Ламбе ниту на Војо ниту на еден од оние кои ја формираа ВМРО-НП никогаш не и им дадов повод да мислат така. Инаку главните основачи на ВМРО-НП беа луѓе кои во тоа време беа дистнцирани од новиот претседател наоѓајќи им разни мани, а после ги врати со најголеми привилегии.
Осмо, Груевски заборава дека тогаш и во јавноста и пред него зборував дека на партијата и треба нов профил ослободен од национализам, економски профил, технократ. Во тоа време немаше ни трага од оној Груевски кој спроведува антиквизација, кој го прославува ослободувањето на стара Србија на Зебренјак, кој ќе ја постави најавторитарната власт во модерна Македонија…“, напиша тој.