Цената на бензините се зголемува за 0,5, односно за 1 денар, додека цената на дизелот ќе се намали за 0,5 денари.
Ова е одлуката на Регулаторната комисија за енергетика.
Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се зголемува за 0,5 денари и од 00:01 часот ќе се продава по цена од 83 денари.
Цената на ЕУРОСУПЕР 98 ќе се зголеми за 1 денар, и ќе се продава по цена од 85,5 денари по литар.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ од утре ќе изнесува 76 денари по литар.
Непоремената останува цената на екстралесното масло, 75 денари. Цената на мазутот од утре ќе изнесува 43,8 денари.