Регионот тагува: Почина познатиот српски фолк пејач

Српскиот фолк пејач Миле Агатоновиќ Ага (75) почина на 17 март 2024 година во Торонто.

Миле Агатоновиќ е роден во Блацe, а со музика почнал да се занимава уште од рана возраст.

На јавноста и стана познат во 1983 година, кога ја отпеа песната „Пева ми се, игра ми се“ која ја сними за ПГП-РТБ.

Популарност му донесе песната „Сви за Ниш“.

Кон крајот на осумдесеттите се преселил во Канада, каде и починал, пренесува „Новости“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде