Страотна сообраќајна несреќа, 20-годишно момче тешко повредено

Вчера во 09.30 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека околу 05.30 часот на улица „АСНОМ“ во село Чешиново,

мотоцикл „хамачи“ без регистерски таблици, управуван од 20-годишниот Н.А. од село Соколарци излетал од коловозот, извести МВР.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Општата болница Кочани“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде