Голема трагедија: 15-годишното момче Лазар загина, а две лица се повредени во страотна сообраќајка кај Будва

Тинејџер Лазар Ф.(15) загина во неделата во тешка сообраќајна несреќа што се случила во Будва кога автомобилот што го управувал излетал од патот.

Во незгодата се повредени две лица, од кои едното е полнолетно Ј.М., а другиот малолетник М.М.

Повредените веднаш биле префрлени во болницата во Котор.

Во полициското соопштение се наведува дека несреќата се случила во близина на стадионот, кај плажата Јаз и се додава дека возилото удрило во дрво.

Тинејџерот управувал автомобил „цитроен“ со будвански регистарски таблички.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде