Откако на почетокот на месецов лицето Т.Т. (35) од Долно Оризари, кој наводно изгубил голема сума пари, со запалива течност предизвикал пожар во казино на ул. „Лазо Трповски” во Битола, вчера во 00:30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода лицето П.К. (40) од Битола.
Тој се сомничи дека на 18.3.2024 околу 23:35 часот со трактор оштетил влезна врата на казино во Битола, како и неколку столбчиња од парк пред влезот на казиното.
По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ова се само два изолирани инциденти, кои се случија во коцкарници и казина во Битола само за неколку дена. Во последно време сведоци сме на бројни инциденти во битолските обложувалници, казина и коцкарници.
Инцидентите најчесто се случуваат откако играчите ќе загубат многу пари и тогаш или ги кршат апаратите, или предизвикуваат пожари, или, пак, ги демолираат коцкарниците, а честопати физички се пресметуваат и со обезбедеувањата на казината и обложувалниците.