Двајца малолетници денеска се тешко повредени откако излетале со возилото околу 14 часот на локалниот пат Стримница-Челопек.
– Во СВР Тетово е пријавено дека патничко моторно возило „смарт“ со тетовски регистарски ознаки управувано од малолетник од Челопек излетало од коловоз.
Во несреќата, возачот и сопатникот во возилото, исто така, малолетник од Стримница се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
За два дена ова е втора сообраќајна незгода во која малолетници управувале возило и се повредени поради излетување.
Во неделата околу 17:30 часот кај месноста „Орман“ кај Доброште, малолетник беше повреден управувајќи четирицикл.