СЕМЕЈНА ТРАГЕДИЈА: Брат и сестра пронајдени мртви во семејната куќа – првичните сомнежи се дека починале од природна смрт

Неопислива трагедија го погоди селото Синошевиќи во Горни Милановац, кога во семејната куќа биле пронајдени телата на братот и сестрата , кои најверојатно истиот ден починале од природна смрт.

– Татко ми беше опериран и во понеделникот е пуштен дома. Лекарот на преглед рекол дека се е во ред, но сепак се работи за постари лица.

Претпоставуваме дека еден од двајцата умрел прво, а подоцна и другиот починал од тага, изјавил за РИНА синот на починатиот.

Тој додава дека за трагедијата дознале кога братот и сестрата не се јавиле на телефон, па дошле да ги посетат, но во куќата нашле тажна глетка.

Понатамошната истрага ќе ги утврди сите околности под кои се случила оваа семејна трагедија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде