Силен земјотрес ја стресе Турција

Силен земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Турција, јавува Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Земјотресот е регистриран во 8:55 часот по локално време на длабочина од осум километри.

Потресот бил на 30 километри од Бесни во Турција, односно на 55 километри од Кахраманмарас, во југоисточниот дел на земјата.

Засега нема информации дали има повредени или е предизвикана материјална штета.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде