Славчо Попоски најавува: Зимски удар доаѓа на Балканот!

Рано утринава календарски започна Пролетта – На првиот пролетен ден не очекува многу сонце, но и пораст на температурите

Рано утрово, во 4 часот 49 минути и 37 секунди астрономски започна пролетта на северната хемисфера. Во исто време на јужната Земјина полутопка започна есента.

Пролетта ќе трае 92 дена, 17 часа и 54 минути, односно до 20 јуни 2020 кога во 23 часот и 43 минути, ќе почне летото.

Како што и претходно најавивме, од денес, па во следните неколку денови следува период на претежно сончево и потопло време преку ден, со пролетни температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.

Сепак, Славчо Попоски најавува дека Балканот го очекува нов зимски удар!

Нека не ве лаже тоа што календарски започна пролетта: Зимски удар доаѓа на Балканот – Период 24-25 март!, објави Попоски на својот Фејсбук профил!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде