Утрово уште една трагедија го потресе фудбалскиот свет: Имаше 45-години – почина поранешен репрезентативец на Турција

Уште една трагична вест го потресе спортот.

Поранешниот репрезентативец на Турција, Ерсен Мартин почина на 45-годишна возраст.

Неодамна Мартин беше на операција на напукната аорта. Турските медиуми пишуваат дека минатата година доживеал и срцев удар, и од тогаш се наоѓа во болница.

Во својата кариера Мартин играше за неколку турски клубови, меѓу кои и за гигантот Бешикташ, а беше дел и од Гезтепе, Денизлиспор, Анкараспор, Трабзонспор, Сиваспор, Манисаспор, Касимпаша, Генчерлебирлиги.

Играше и во Нирнберг и Рекреативо. За турскиот национален тим одигра три натпревари во периодот од 2004 до 2006 година.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде